Двете водечки екипи во Западната конференција, Портланд Трејблејзерс и Сан Антонио Спарс беа поразени пред своите симпатизери од Далас Маверикс односно Индијана Пејсерс.
Минатогододишниот финалист во НБА лигата, Сан Антонио потклекна пред сезонава моќната Индијана. Пејсерси ја загубија првата четвртина (28:20), но затоа во следните две дојдоа до 62 поени наспроти 37 на противникот што беше доволно за 18 триумф во оваа сезона.
- Тие играат со самодоверба, веруваат во тимот, веруваат дека можат да победат против секого.Забавно е да бидеш дел од таква екипа-изјавил тренерот на Индијана, Френк Вогел.
Пол Џорџ (28 п, 6 а) ја предводеше листата од седум кошаркари со двоцифрен ефект кај гостите, додека кај „мамузите“ прв стрелец беше Каваи Ленард со 18 кошеви.
Тимот на Далас го доби супер интересниот натпревар во Портланд (108:106), меч на кој имаше 18 промени на водството и 12 изедначувања. Решавачкиот кош беше постигнат со звукот на сирената и беше дело на Монта Елис кој оваа средба ја заврши со 22 поени и 4 асистенции. Одличен во победничката екипа беше и Дирк Новицки (28 п, 7а, 6с), додека на спротивната страна Демиан Лилард уфрли 32 поени и имаше пет успешни додавања.
Ова за Портланд и Спарс беа четврти порази во оваа сезона.
Шампионот Мајами немаше никакви проблеми во Минесота и славеше со 103:82. Леброн Џејмс забележа дабл-дабл учинок (21 п 14с), додека солиден меч одигра и Двејн Вејд (19п, 5 с).
Детроит ја прекина црната серија (14 натпревари) против Чикаго во „Јунајтед Центарот“ славејќи со 92:75. Домаќините немаа одговор за расположениот Брендон Џенингс кој реализираше 33 поени и беше само еден од два кошаркари на Пистонс кои постигнаа над 10 поени. Една од причини за овој пораз на Булси се многуте повреди на клучните играчи како Роуз и Денг.
НБА – РЕЗУЛТАТИ: Филаделфија – Денвер 92-103, Кливленд – ЛА Клиперс 88-82, Чикаго – Детроит 75-92, Мемфис – Голден Стејт 82-108, Минесота – Мајами 82-103, Милвоки – Бруклин 82-90, Сан Антонио – Индијана 100-111, Јута – Сакраменто 102-112 (пр.), Портланд – Далас 106-108
Home »
» Порази на водечките екипи на Западот



0 comments:
Post a Comment