Кошаркарите на Портланд славеа на гостувањето против Торонто со 118:110 во продолжение за шеста последователна победа.
Демијен Лилард и Ламаркус Олдриџ уфрлија по 25 коша, а Николас Батум придодаде најмногу сезонава 24 поени за Блеjзерси, кои извлекоа победа иако во регуларниот дел прокоцкаа 17 поени предност.
Гостите постигнаа најмногу сезонава 15 тројки (15/32), за разлика од Торонто чии играчи дадоа само три.
Кај Рапторси, Руди Геј забележа 30 поени, вклучувајќи го и кошот за продолжение, Демар Дерозан беше стрелец на 29, а Валанчиунас придодаде 19.
Home »
» Шести триумф по ред на Портланд



0 comments:
Post a Comment