Тимот на Атланта во Њујорк ја оствари својата втора победа во последните два дена, но ниту на овој натпревар Перо Антиќ не доби шанса од тренерот на тимот од Џорџија. Чикаго им го нанесе првиот пораз на Пејсерси.
По оној пораз кој го доживеаја во средата пред своите фанови, играчите на Хокси на гостувањето во Медисон Сквер Гарден дојдоа со цел да им се одмаздат на Никси за тој прв и до сега единствен нивни пораз во Атланта.
Гостите од Џорџија и тоа како успеаја во својата намера, совладувајќи го Њујорк (3-6) на негов терен со убедливи 110:90 за поправање на својот скор на 6-4, како и за петтиот домашен пораз во низа на Никси.
Перо Антиќ ниту на овој дуел, како и во победата претходната вечер над Филаделфија, не доби шанса од тренерот Мајк Буденхолцер, кој од високите играчи од клупата шанса им даде на Густаво Ајон и Мајк Скот.
И двајцата беа дел од осумте играчи на Хокси со двоцифрен ефект во нападот меѓу кои најефикасен беше Џеф Тиг со своите 16 поени. Кармело Ентони со 23 поеи и 12 скокови беше најефикасен кај сезонава слабите Никси.
Home »
» Хокси пак победија, Антиќ пак на клупата



0 comments:
Post a Comment